Saturday, April 27, 2013

Набљудување на затемнувањето на Месечината, 25.04.2013

По повод затемнувањето на Месечината, а и како дел од Глобалниот Месец на Астрономијата 2013, КАД „Кокино“ организираше јавно набљудување на ноќното небо на Кеј во Куманово.



Затемнувањето на Месечината започна во 20 часот а максимумот беше во 22:07. Покрај овој феномен, случајните минувачи имаа можност да го видат и Сатурн со неговите прстени, кој во овој период изгрева заедно со Месечината.

Набљудување во Ранковце, 14.04.2013

На 14. април КАД „Кокино“, искористувајќи го реткото ведро небо по подолгиот врнежлив период, излезе на терен во село Ранковце. Целта на набљудувањето беше Месечината и Јупитер со неговите сателити. Во продолжение можете да погледнете дел од сликите од настанот:

Thursday, December 20, 2012

Официјален демант на Кумановско Астрономско Друштво – Кокино по повод „крајот на светот“


Во последно време на сите медиуми, без разлика дали се онлајн или пишани, се почесто може да се сретне по некоја импозантна статија за датумот 21.12.2012. Овој датум е познат како крај на календарот на Маите, па според некои медиуми кои очигледно сакаат да си го кренат својот рејтинг, објавуваат статии од стилот „Се ближи крајот на светот“, „Мистериозната планетата Нибиру ќе се судри со Земјата “, „На 21.12.2012 ќе не удри астероид“ и што уште не! Со чиста свест, нашето Друштво може да каже и да демантира  дека ова се апсурдни заклучоци, а зошто е тоа така ќе објасниме подолу.

Првин мал осврт за тоа кои се Маите. Маите се централноамериканска цивилизација, значајни по целосно развиениот пишан јазик од пред-колумбискиот период, но и според нивната архитектура, уметност, математичките и астрономските системи. Оваа цивилизација своите почетоци го забележала во пред-класичниот период (2000 п.н.е. до 250), додека пак врвот на својот развиток Маите го забележале за време на класичниот период (од 250 до 900 година) и продолжил во пост-класичниот период па сe до доаѓањето на Шпанците во Америка. Во својот најголем подем, областа каде живееле била најгусто населена област во светот во тоа време.

Маите споделуваат голем број на заеднички карактеристики со останатите централноамерикански цивилизации поради високиот степен на соработка помеѓу народите. Календарот, писмото и епиграфијата не потекнуваат од Маите, но тие ги развиле потполно. Територијата на Маите се протегала од Хондурас, Ел Салвадор, Гватемала па сe до централно Мексико. Маите како народ никогаш не исчезнале, ниту за време на класичниот период ниту пак со доаѓањето на Шпанците во Америка. Денес, Маите и нивните наследници сочинуваат значителен процент од населението во нивниот регион, Ел Салвадор, Мексико, Хондурас и Гватемала. Голем број на мајански јазици и денес се зборуваат.


Изглед на Календарот на Маите

Маите се единствената цивилизација од пред ерата на телескопите кои имале големо познавање за Маглината Орион. Ова го потврдуваат приказните од мајанскиот фолклор. Голем број на мајански градови се лоцирани според плејадите и Ета Дрконис.

Маите биле посебно заинтересирани за зенијалните патеки, односно феномен кога сонцето поминува директно над луѓето. Дрезденскиот кодекс содржи повеќе феномоени забележани од Маите и според анализите на кодексот планетата Венера бил најважниот астрономски објект на Маите после сонцето.

Календарот на Маите е систем од различни календари и алманаси кои биле користени од цивилизацијата на Маите. Овие календари им помогнале со нивна синхронизација и спојување, остварување на големи и широки циклуси. Заедно со ацтеките, календарите на Маите се најдобро документирани и сфатени. Фактот поради кој  се дигна неверојатна прашина е тоа што овој календар завршува на 21.12.2012 година, па така да сите овој крај го најавуваат како „крај“ на светот, на цивилизацијата и тн. во кој нема да навлегуваме многу баш поради смешните приказни кои настанаа.



Артистички изглед на судар на Земјата со астероид

Прво, крајот на календарот на Маите е всушност крај на еден циклус. Ако направиме аналогија со модерните календари, по изминување на 12 месеци закачуваме нов календар! Ова е исто и со календарот на Маите, по завршување на овој циклус почнува нов.

Втор факт, кој не држи вода е судар со мистериозната планета Нибиру, која баш на овој датум треба да се судри со Земјата и да го уништи целиот жив свет. Ова уште еднаш се докажа како неточно, баш поради фактот што милиони научници и астрономи секојдневно го пратат ноќното небо и би се забележало толку масивно тело во правец кон Земјата долго време пред да се судри, а плус да не навлегуваме во физиката и астрономијата каде постојат закони каде оваа теорија не држи вода.

И трет факт, кој се спомнува како крај на светот е астероид со библиски размери да удри и да не срамни со Земја. Овој доказ го приложуваат конспираторите со коментар дека НАСА (Американската Вселенска Агенција), ЕСА (Европската Веленска Агенција) и друго астрономско светско тело, па и влади го кријат ова од обичниот граѓанин за да не настане масовна хистерија. Сепак и ова не држи вода! Многу аматерски астрономи ширум светот имаат даден активен допринос во откривање на астрономски објекти кои на НАСА им избегале. Затоа НАСА и ЕСА ги охрабруваат астрономите аматери да дадат свој допринос во откривање на ваква конспирација, а не спротивно да ја прекријат и премолчат.

Сепак, лесноверноста на многу луѓе доведе до подготовка за Судниот ден, градење на апокалиптични засолништа, купување на намирници и што уште не! Овие луѓе со сигурност ќе бидат исмејувани на 22 декември уште во првите утрински вести!

И заклучок. Смирете се! Крајот на светот нема да се случи уште долго време!

За сите оние кои сакаат да дознаат малку повеќе за астрономијата, може да не контактираат преку email: ast.klub.kum@gmail.com, да не најдат на нашата Фејбук група http://www.facebook.com/kad.kokino или пак да повелат во нашите простории во Народна Техника секој работен ден од 14:00 - 21:00.

Monday, March 26, 2012

Несекојдневен спектакл на небото: Месечина, Јупитер и Венера!

 Вечерва во 19.30 на запад, на ноќното небо може да се погледне несекојдневен природен феномен. Венера, Јупитер и Месечината во вертикална линија.




Сепак, феноменот е видлив и од градска средина, па дури и направивме една слика со опрема која ни се најде при рака, LG Optimus 7 со 5 мегапикселна камера, ISO-0 и експозиција од 1/9 секунди. Интересен феномен кој не треба да се пропушти! Инаку на сликата е отсутен Јупитер затоа што веќе беше ниско на хоризонтот и немаше можност од градска средина да се фотографира.


Извор: Таб.мк

Sunday, March 18, 2012

Летно сметање на времето

Летното сметање на времето или летното време е конвенција за поместување на часовниците така што попладнето да има повеќе дневна светлина, а за сметка на тоа утрата да бидат пократки. Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред на пролет, а да се враќаат еден час наназад на есен. Овој систем е предложен во 1905. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916. како военовременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. 



И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем. Денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври. Во САД летното сметање започнува во втората недела на март, а завршува во првата недела на ноември. На Јужната хемисфера почетокот на летното време е обратен од Северната...

Останатиод дел од статијата е на следниот линк!

Tuesday, February 7, 2012

Филе: Мисија за слетување на комета

Розета е името на леталото кое на пат да пресретне комета, и кое ќе се обиде да биде прво што ќе слета на вакво тело.

Дестинацијата на леталото е кометата 67P/Churyumov-Gerasimenko (Чуримов-Герасименко). Во 2014 Розета треба да влезе во орбита околу оваа комета, и подоцна да се спушти на неа, и со тоа да влезе во историјата, бидејќи досега ниту еден од двата потфати не се изведени.

Мисијата е на ESA, Европската Вселенска Агенција. Целта е да се соберат информации за еволуција на една комета. Кометите се примитивни остатоци од создавањето на нашиот Сончев Систем. Бидејќи повеќето од своето време го поминуваат во надворешниот дел од системот, каде што практично се длабоко смрзнати, кометите се многу сочувани и се непроценлив извор за астрономите кои сакаат да дознаат какви услови владееле на самиот почеток.

Филе е лендерот кој треба да слета на оваа комета, и кој ќе собере примероци од површината на кометата и ќе ги испитува во автоматската лабораторија. Во меѓувреме, Розета ќе врши мапирање на површината и магнетното поле на кометата, како и други истражувања. Повеќе информации во видео на НАСА подолу:


Thursday, January 5, 2012

Фобос-Грант ќе падне на Земјата за две недели!


Последниот обид на Русија за да ја спаси мисијата не заврши со успех. Лансирањето на мисијата беше успешно, но истата пропадна кога сателитот не успеа да ја напушти ниската орбита на Земјата, и истата е веќе напуштена и е прогласена за неуспешна. 

Во претходната статија која беше објавена на нашиот блог можевте да прочитате дека мисијата уште на 13 Ноември минатата година беше неуспешна. Речиси целиот свет пробуваше да воспостави контакт со мисијата (Европската Вселенска Агенција, НАСА, Руската Вселенска Агенција и тн.), но сите обиди освен еден мал сигнал завршија неуспешно. 

Научниците прогнозираат дека во периодот помеѓу 6 и 19 Јануари леталото треба да се растури во делови и да падне на Земјата. Значи деновите не очекува дожд од метал вреден 1.2 милијарда американски долари!

Автор: Мартин Страхиловски