Во последно време на сите
медиуми, без разлика дали се онлајн или пишани, се почесто може да се сретне по
некоја импозантна статија за датумот 21.12.2012. Овој датум е познат како крај
на календарот на Маите, па според некои медиуми кои очигледно сакаат да си го
кренат својот рејтинг, објавуваат статии од стилот „Се ближи крајот на светот“,
„Мистериозната планетата Нибиру ќе се судри со Земјата “, „На 21.12.2012 ќе не удри
астероид“ и што уште не! Со чиста свест, нашето Друштво може да каже и да
демантира дека ова се апсурдни
заклучоци, а зошто е тоа така ќе објасниме подолу.
Првин мал осврт за тоа кои се
Маите. Маите се централноамериканска цивилизација, значајни по целосно
развиениот пишан јазик од пред-колумбискиот период, но и според нивната
архитектура, уметност, математичките и астрономските системи. Оваа цивилизација
своите почетоци го забележала во пред-класичниот период (2000 п.н.е. до 250),
додека пак врвот на својот развиток Маите го забележале за време на класичниот
период (од 250 до 900 година) и продолжил во пост-класичниот период па сe до
доаѓањето на Шпанците во Америка. Во својот најголем подем, областа каде
живееле била најгусто населена област во светот во тоа време.
Маите споделуваат голем број на
заеднички карактеристики со останатите централноамерикански цивилизации поради
високиот степен на соработка помеѓу народите. Календарот, писмото и
епиграфијата не потекнуваат од Маите, но тие ги развиле потполно. Територијата
на Маите се протегала од Хондурас, Ел Салвадор, Гватемала па сe до централно
Мексико. Маите како народ никогаш не исчезнале, ниту за време на класичниот
период ниту пак со доаѓањето на Шпанците во Америка. Денес, Маите и нивните
наследници сочинуваат значителен процент од населението во нивниот регион, Ел
Салвадор, Мексико, Хондурас и Гватемала. Голем број на мајански јазици и денес
се зборуваат.
Изглед на Календарот на Маите
Маите се единствената
цивилизација од пред ерата на телескопите кои имале големо познавање за
Маглината Орион. Ова го потврдуваат приказните од мајанскиот фолклор. Голем
број на мајански градови се лоцирани според плејадите и Ета Дрконис.
Маите биле посебно заинтересирани
за зенијалните патеки, односно феномен кога сонцето поминува директно над
луѓето. Дрезденскиот кодекс содржи повеќе феномоени забележани од Маите и
според анализите на кодексот планетата Венера бил најважниот астрономски објект
на Маите после сонцето.
Календарот на Маите е систем од
различни календари и алманаси кои биле користени од цивилизацијата на Маите.
Овие календари им помогнале со нивна синхронизација и спојување, остварување на
големи и широки циклуси. Заедно со ацтеките, календарите на Маите се најдобро
документирани и сфатени. Фактот поради кој се дигна неверојатна прашина е тоа што овој
календар завршува на 21.12.2012 година, па така да сите овој крај го најавуваат
како „крај“ на светот, на цивилизацијата и тн. во кој нема да навлегуваме многу
баш поради смешните приказни кои настанаа.
Артистички изглед на судар на Земјата со астероид
Прво, крајот на календарот на
Маите е всушност крај на еден циклус. Ако направиме аналогија со модерните
календари, по изминување на 12 месеци закачуваме нов календар! Ова е исто и со
календарот на Маите, по завршување на овој циклус почнува нов.
Втор факт, кој не држи вода е
судар со мистериозната планета Нибиру, која баш на овој датум треба да се судри
со Земјата и да го уништи целиот жив свет. Ова уште еднаш се докажа како
неточно, баш поради фактот што милиони научници и астрономи секојдневно го
пратат ноќното небо и би се забележало толку масивно тело во правец кон Земјата
долго време пред да се судри, а плус да не навлегуваме во физиката и
астрономијата каде постојат закони каде оваа теорија не држи вода.
И трет факт, кој се спомнува како
крај на светот е астероид со библиски размери да удри и да не срамни со Земја.
Овој доказ го приложуваат конспираторите со коментар дека НАСА (Американската
Вселенска Агенција), ЕСА (Европската Веленска Агенција) и друго астрономско
светско тело, па и влади го кријат ова од обичниот граѓанин за да не настане
масовна хистерија. Сепак и ова не држи вода! Многу аматерски астрономи ширум
светот имаат даден активен допринос во откривање на астрономски објекти кои на
НАСА им избегале. Затоа НАСА и ЕСА ги охрабруваат астрономите аматери да дадат
свој допринос во откривање на ваква конспирација, а не спротивно да ја
прекријат и премолчат.
Сепак, лесноверноста на многу
луѓе доведе до подготовка за Судниот ден, градење на апокалиптични засолништа,
купување на намирници и што уште не! Овие луѓе со сигурност ќе бидат исмејувани
на 22 декември уште во првите утрински вести!
И заклучок. Смирете се! Крајот на
светот нема да се случи уште долго време!
За сите оние кои сакаат да
дознаат малку повеќе за астрономијата, може да не контактираат преку email: ast.klub.kum@gmail.com,
да не најдат на нашата Фејбук група http://www.facebook.com/kad.kokino или пак
да повелат во нашите простории во Народна Техника секој работен ден од 14:00 -
21:00.
No comments:
Post a Comment