Розета е името на леталото кое на пат да пресретне комета, и кое ќе се обиде да биде прво што ќе слета на вакво тело.
Дестинацијата на леталото е кометата 67P/Churyumov-Gerasimenko (Чуримов-Герасименко). Во 2014 Розета треба да влезе во орбита околу оваа комета, и подоцна да се спушти на неа, и со тоа да влезе во историјата, бидејќи досега ниту еден од двата потфати не се изведени.
Мисијата е на ESA, Европската Вселенска Агенција. Целта е да се соберат информации за еволуција на една комета. Кометите се примитивни остатоци од создавањето на нашиот Сончев Систем. Бидејќи повеќето од своето време го поминуваат во надворешниот дел од системот, каде што практично се длабоко смрзнати, кометите се многу сочувани и се непроценлив извор за астрономите кои сакаат да дознаат какви услови владееле на самиот почеток.
Филе е лендерот кој треба да слета на оваа комета, и кој ќе собере примероци од површината на кометата и ќе ги испитува во автоматската лабораторија. Во меѓувреме, Розета ќе врши мапирање на површината и магнетното поле на кометата, како и други истражувања. Повеќе информации во видео на НАСА подолу:
No comments:
Post a Comment