Friday, December 23, 2011

Новогодишна атмосфера го зафати и нашиот блог!


Предновогодишната атмосфера стигна и кај нас! Гледајќи само да се завршат некои ситни работи и да се направат планови каде ќе се пречека новата година, а да не остане празен медиумскиот простор со астрономски содржини, одлучивме да направиме новогодишна промена на нашиот блог. Од интернет радио, за кои финалните термини се пеглаат и ќе ги објавиме наскоро (а може да го слушнете моментално, со новогодишни хитови), па се до новогодишната елка, звончиња и секако снег! Снегот кој со нетрпение сите го чекате веќе почна да паѓа на нашето виртуелно катче. Па, ако сакате да уживате во една поинаква новогодишна идила, повелете на нашиот блог, ве очекува весела новогодишна атмосфера!

Од редакцијата на КАД - Кокино.

Saturday, December 17, 2011

Пуштено во етер Astkum Интернет радио!


По повод ближењето на новогодишните празници, одлучивме да направиме интернет радио на кое ќе може да слушнете некои од популарните светски хитови, научно фантастични тематики, како и новогодишни светски хитови. По овој повод Друштвото сака да му изрази благодарност за идејата и реализација на нашиот член Слаѓан Алексовски. Радиото се наоѓа од десната страна на блог страната и ќе има посебни термини за пуштање на музика во етер кои ќе бидат објавени накнадно. Како додаток, го додадовме и Google+ копчето за споделување и на новата социјална мрежа. Очекувајте нови и збогатени содржини наскоро. Нека предновогодишната атмосфера влезе и во вашите домови и срца!

Thursday, November 24, 2011

Новиот проект на Хабл ќе се вклучи во истражувањето на космичкото време

Амбициозен нов проект со помош на телескопот Хабл, ќе им овозможи на астрономите да навлезат длабоко во универзумот, во пет насоки за документот од раната историја на една ѕвезда, галаксија, односно нивното формирање и нивната еволуција. Телескопот Хабл на Мулти-Трезор циклус на програмата ќе слика повеќе од 250.000 далечни галаксии, за да го обезбеди првиот сеопфатен поглед на структурата и монтажата  на галаксиите во текот на првата третина од космичкото време. Ова е обид за да се направи најдобра употреба на Хабл, додека е на врвот на своите можности и да обезбеди големо наследство и множества на податоци за возраста на небесните тела, рече Сандра Фабер, водач на проектот на Универзитетот во Калифорнија, Санта Круз.



Други цели на проектот се да се погледне за клучни податоци за најраните фази на на формирањето на таканаречените супермасивни црни дупки и да се најдат далечните супернови, кои се важни за разбирање на темната енергија и забрзување на ширењето на универзумот.

Тие напори се потпираат на моќната инфрацрвена камера на телескопот Хабл, како и широкото поле на камерата 3 како и за напредни телекоп камери за Surveys (ACS). Предлогот, кој собира голем интернационален тим на соработници е награден со рекордни 902 орбити на набљудување на космичко време како еден од трите големи проекти избран за Хабл Мулти-циклус на програмата за финансии. Следење на времето, вкупно околу три и пол месеци ќе бидат распоредени во текот на следните две до три години.



Фабер и нејзините колеги очекуваат првите податоци да бидат достапни до крајот на годината. Податоците од овој проект ќе бидат достапни до целата заедница со астрономијата не е комерцијален Фабер период за тимот да спроведе своја анализа. Веројатниот резултат ќе биде трка меѓу екипи на научниците да ги објави првите резултати од оваа нова ризница на податоци. Фабер,  рече дека проектот ќе дава податоци за тоа како богато ќе ги задржи астрономите зафатени за годините што доаѓаат. "Ние сме многу возбудени, не само за 900 орбити, но, исто така,и за тоа што овој нов апарат може да направи. Ова е едноставно неверојатно што тој го гледа , "Фабер рече. "Овој проект е најголемиот настан во мојата кариера, кулминација на три децении на работа со големи телескопи, да се проучува еволуцијата на галаксиите."



Дополнителни информации за проектот се достапни на Cosmology Истражување Мулти-Трезор циклус за Програмата на веб-страницата.

Автор: Бобан Митовски

Monday, November 14, 2011

Честитка од Земјата!


За време на мисијата на екипажите 28 и 29 до Меѓународната вселенска станица, се направени многу неверојатни фотографии кои може да ги погледнете во следното видео. Уживајте!



Автор: Мартин Страхиловски

Sunday, November 13, 2011

Русија повторно не успеа да воспостави контакт со сондата за Марс

Сондата Фобос - Грант во вселенскиот центар Баиконур 

Русија повторно не успеа да оствари контакт со сондата Фобос - Грант, чии мотори не успејаа да го стават леталото на курс кон Марс веднаш по полетувањето, па сондата беше заробена во лоша земјина орбита.

„Напори за да се оствари контакт беа направени изминатата ноќ од Руските техничари од Европската вселенска агенција. Ова беше направено од Баиконур и од други области кои ја пратат мисијата, но не беше воспоставен контакт“ - изјавија официјалните извори од Руската вселенска агенција.

Исто така изворите велат дека и американските научници се вклучени во напорите за спас на мисијата кои имаат рок до 21 Ноември за остварување на контакт.

Леталото кое е дизајнирано за донесување назад примероци од карпестата почва и тлото од најголемата месечина на Марс. Фобос е моментално „заглавен“ во „помошна орбита“ околу Земјата. Исто така Фобос - Грант го носи и првиот кинески сателит за Марс, Yinghuo-1.

Автор: Мартин Страхиловски

Tuesday, November 8, 2011

Русија испраќа живот на Марс (и назад) утре!


Не сме сигурни дали постои или не живот на Марс, но сигурно Русија ќе го смени тоа. Русија прави проактивен чекор напред кон целата ситуација и испраќа летало до црвената планета со товар од микробиолошки бактерии.

Рисија ќе ја лансира својата Phobos - Grunt мисија кон Марс утре. Примарната мисија на леталото ќе биде слетување на Фобос (најголемата месечина на Марс), геолошки операции и собирање на камења, и враќање назад на Земјата до 2014. Во леталото ќе се најде и специјален биолошки товар од Планетарното здружение кој содржи 30 видови на живот, од бактерии, па до микроорганизми.


Во леталото ќе се најдат и водените мечки. Тие се микроскопски животни, кои може да бидат до милиметар во големина, и се докажани преживувачи на топло, ладно, дехидрација, радијација, вакуум на вселената, и речиси насекаде каде биле ставени. Идејата позади експериментот е да се види дали е возможно за живите организми (без разлика дали е бактерија или нешто пософистицирано) да патуваат помеѓу планети и дали ќе преживеат, а со тоа ќе се провери теоријата дали животот на Земјата е пристигнат од Марс или можеби од подалеку.

Автор: Мартин Страхиловски

Monday, November 7, 2011

Улично осветлување едно од знаците за постоење на вонземска цивилизација


Ulicno osvetluvanje edno od znacite za postoenje na vonzemska civilizacija
Досега астрономите вонземјаните ги бараа, барајќи радио сигнали и ултра-кратки ласерски пулсеви, кои евентуално би ни ги праќале. Ави Лоеб од Харвард-Смитсониан Центарот за Астрофизика и Едвин Тарнер од Универзитетот Принстон објавија труд во кој предлагаат нова техника за барање вонземајани: преку барање на градско осветлување.

Како и методите на SETI, така и оваа метода се заснова на претпоставката дека вонземјаните користат технологија слична на нашата. Во овој случај, многу веројатно е дека било која цивилизација која е развиена во светлина ан својата ѕвезда, би имала потреба да вклучи сијалици преку ноќ.

Како ќе се распознаваат ваквите светилки од блесоците на ѕвездата? Додека орбитира планетата, има фази слични како оние на нашата Месечина. Кога е во мрачна фаза, ноќното осветлување би било повидливо од онаа рефлектираното од светлата страна. Па, вкупниот флукс од планетата со осветлени градови ќе биде со мерливи разлики од планета која нема такви.

Засега, потребни е нова генерација телескопи за вакво нешто. Денешните најдобри телескопи можат да забележат град со големина на Токио во Кујперовиот Појас. Но, потенцијалните населени планети се многу подалеку. Сепак, ваката техника е значаен чекор напред, бидејќи ако вонземјаните се развиваат како нас, ние со зголемената употреба на оптички кабли стануваме сè поневидливи за некого од страна. Така, уште малку па сијалиците најдобро ќе не откриваат. Затоа ова е можеби најдобрата метода, освен, се разбира, ако вонземјаните не се ноктурни.

Автор: Марко Маневски
Слика: David A. Aguilar (CfA)

Saturday, November 5, 2011

Голем астероид ќе помине покрај Земјата на 8 Ноември!

Слика од астероидот кој ќе помине покрај Земјата

2011 беше година исполнета со неверојатни астрономски случувања. Ги погледнавме финалните летови на Шатл програмата, доказ дека на Марс има вода во големи количини и еден подмолен премин на астероид кој го забележавме доцна. За среќа помина блиску до Земјата без никакви последици. 

На 8 Ноември ќе бидеме сведоци на уште еден астрономски евент на премин на масовен астероид наречен 2005 YU55, кој беше откриен во 2005 година. Астероидот беше забележан од Robert McMillan од Steward Observatory во Аризона, кој од 2010 ја изучува и предвидува траекторијата на астероидот дека не е ризик за судар со Земјата. За разлика од 2011 MD астероидот (кој помина покрај земјата во Јуни оваа година), кој беше со големина на автобус, 2005 YU55 е многу поголем. Пресметана сликовито, големината му изнесува колку еден Американски носач на авиони. На 8 Ноември масивната карпа ќе помине на одалеченост од около 8.5 лунарни орбити од нашата планета, што го прави астероидот со најблизок премин со таа големина уште од 1976.

Научниците се уверени дека YU55 не претставува ризик за Земјата за следните 100 години, а следниот премин на голем астероид до Земјата ќе биде во 2028. Но се разбира малите астероиди имаат тенденција да поминат незабележани покрај Земјата, па немојте да бидете изненадени  ако забележиме уште некој астероид порано од 2028. 

Автор: Мартин Страхиловски

Saturday, October 29, 2011

Во недела започнува зимско сметање на времето

Во недела на 30 октомври со поместување на стрелките на часовникот наназад започнува зимското сметање на времето. Стрелките се поместуваат во сабота спрема недела за да не би имало влијание врз секојдневните обврски на луѓето.
Ова се прави се со цел за да се продолжи денот, затоа што во зимскиот период ноќта е значително подолга..
Тоа би значело дека ако се стемнува во 17 часот, според новото сметање Сонцето ќе зајде во 16 часот.


Земјите од ЕУ и другите држави сметањето на времето го усогласиле со тоа што последната недела во месец март ја одредиле како почеток на летното сметање, а последната недела од месец октомври ја одредиле како почеток на зимското сметање на времето.

Дел од астрономите се против ваквото продолжување на траењето на денот, а како изговор за продолжување некои ги сметаат економските причини, но како и да е ваквото сметање продолжува и понатаму да се практикува.

Автор: Бобан Митовски

Wednesday, October 26, 2011

Фигури на небото (соѕвездија)

Илјадници години луѓето го гледале небото ноќе. Ѕвездите образуваат фигури што луѓето ги толкувале како животни ,луѓе или предмети. Ако се набљудува небото неколку часа, секој може да забележи дека фигурите од ѕвезди се движат околу една посебна ѕвезда. Замислете еден црн чадор со сјајни дамки насликани на внатрешната страна. Ако го завртите чадорот околу неговата рачка во насока спротивна од насоката на стрелките на часовникот, дамките се движат околу една точка во средината. Тоа покажува како изгледа движењето на ѕвездите околу поларната ѕвезда, Северницата.

Всушност,небото мирува, а земјата се врти околу својата замислена оска. Замислете да го оставите чадорот да мирува, а да се вртите вие во насока на стрелките на часовникот. Ѕвездените фигури, наречени соѕвездиа, сеуште научниците ги користат за изработување ѕвездени мапи.


Млечен пат

Луѓето забележале дека на небото се движеле 5 светлени тела. За време на една ноќ ,тие изгледале како неподвижни ѕвезди, но по неколку недели тие се поместиле во различни позиции. Тие подвижни светла биле наречени планети, според грчкиот збор што значи ,,скитник”. некои цивилизации ги нарекувале планетите според имињата на различни богови и божици. Во минатото, луѓето мислеле дека сите ѕвезди се еднакво оддалечени ,исто како дамките на чадорот. Но наредните откритија го промениле ова мислење. Растоајнието меѓу сите ѕвезди изгледа непроменливо, но со внимателно набљудување, 6 месеци подоцна, научниците кај некои ѕвезди забележале мало поместување. Тоа е така зашто ѕвездите ги гледаме од другата страна на Земјината орбита, зад Сонцето. Ефектот е сличен на видикот што го гледаме од страничниот прозорец на автомобил што се движи. При тоа ни изгледа дека дрвјата и зградите што се близу до нас се ,,движат’ повеќе од оние што се подалеку. Правилното движење е наречено паралакса и тоа може да се искористи за да се пресмета растојанието од земјата до ѕвездите. Движењето на автомобилот е слично на движењето на земјата,од едната страна на нејзината орбита до другата.

Мерењето на паралаксата покажаа дека најблиската ѕвезда е оддалечена од Сонцето околу 43 милиони километри. Таа ѕвезда е наречена Проксима центаура.
Светлинските зраци се движат со брзина од 300000 км/сек. Растојанието што тие го поминуваат во една година е наречено светлинска година. Проксима центаура е оддалечена 4.5 светлински години така што нејзината светлина ќе патува 4.5 години за да стигне до Земјта. За споредба, Сонцето е оддалечено од Земајта околу 8 светлински минути(144 мил. Км.)
Ноќе,кога небото е јасно, може да се види лента од слаба нејасна светлина на небото. Таа се состои од милиони ѕвезди, што се толку многу оддалечени од нас што не можеме да ја откриеме паралаксата. Тоа се нарекува Млечен пат и тој претставува само еден раб од видикот на големиот диск од ѕвезди. Млечниот пат го опкружува нашето небо, така што ние се наоѓаме внатре во тој диск. Тој е потенок во една насока ,подебел во друга, и така ние не се наоѓаме во центарот на тој диск. Млечниот пат е нашиот поглед во нашата Галаксија .
На уште поголеми растојанија се наоѓаат и други галаксии, кои се состојат од огромен број ѕвезди. Галаксијата Андромеда од нас е оддалечена над 2 милиони светлински години. Нашата галаксија –Млечниот пат, многу би личела на Андромеда гледана однадвор.


Галаксијата Андромеда

Милиони галаксии се откриени далеку, далеку во вселената. Тие го сочинуваат универзумот чив пречник изнесува околу 20 000 милиони светлински години.

Автор: Слаѓан Алексовски

Monday, October 24, 2011

Се роди нова планета!

Уметнички приказ на раѓањето на LkCa 15b, направен од уметниците при Унверзитетот на Хаваи


За прв пат во историјата, научниците сметаат дека биле сведоци на раќање на нова планета.

Местото на раѓање е околу 450 светлосни години, некаде во соѕвездието Бик. Името на новороденчето е LkCa 15b, и е гасовит гигант од типот на Јупитер. Неговиот (или нејзиниот) зачеток е некаде пред 50 или 100 илјади години. Во секој случај е рекордер, бидејќи е најмладата планета досега набљудувана.

Бебето е отркриено од др. Мајкл Ајерланд од универзитетот Меквери во Сиднеј и др. Адам Краус од универзитетот на Хаваи, а со помош на десет-метарскиот телескоп на обсерваторијата Кек на Хаваи.

Напишано од: Маневски Марко

Saturday, October 15, 2011

Нов поглед на Веста од мисијата Зора на НАСА

Новата слика од мисијата на НАСА - Зора ни ја прикажува планината, која е три пати повисока од највисокиот врв на Земјата - Монт Еверест.


Врвот на јужниот пол на планината се издига околу 22 километри над просечната висина на околниот терен. Уште една импресивна структура на сликата е карпата со степенест пад, која се наоѓа на десната страна на сликата. Околниот терен на Јужниот пол според научниците на мисијата Зора ветува многу и може да се користи за изградба на база и потенцијални места за слетување на идните човечки мисии.

Резолуцијата на сликата изнесува 300 метри по пиксел. За поголема резолуција кликнете на сликата

Напишано од: Мартин Страхиловски
Извор: www.astronomy.com

Friday, October 14, 2011

Првите ѕвезди во универзумот не биле сами

Првите ѕвезди кои се формирале во универзумот не биле единствените како што се тврдело. Ова всушност се резултати од меѓународната соработка помеѓу истражувачите во центарот за астрономија на Универзитетот во Хајделберг, Институтот за астрофизика Макс Планк во Гарсинг во Германија и на Универзитетот на Тексас во Остин.



Астрофизичарите користеле компјутерски симулации за да го моделираат раѓањето на првите ѕвезди кои се формирале по Големата експлозија. Групата била предводена од Пол Кларк од Универзитетот во Хајделберг и Вокер Бром од Универзитетот на Тексас во Остин, каде што научниците демонстрирале дека на дискот што го опкружуваат исконски ѕвезди во текот на детството може да се растурат и да формираат ѕвезди придружнички.
Овие наоди ни укажале дека ѕвездите кои се формирале во целосна изолација, а не во групи се типични за ѕвездите за нашата галаксија Млечниот Пат.
Оваа симулација всушност била тргната во потрага за да се разбере формирањето на првите ѕвезди, еден важен чекор напред, рекол Бром.
Космичката еволуција претставува прогресија од едноставност кон сложеност, со формирањето на првите ѕвезди претставува примарна пресвртница во оваа транзиција.
Пред неколку милиони години по Големата експлозија, експанзијата односно ширењето на универзумот се префрлило на космичкото зрачење далеку во полето на инфрацрвените бранови должини, па така да човековото набљудување на вселената во тоа време би било целосно невидливо односно во тотален мрак.
Потрагата по крајот на космичките темни времиња се вжештуваат, не приближуваат кон целта на решавањето на мистеријата за првата светлина во вселената.

Напишано од: Бобан Митовски

Добредојдовте!

После разни препукувања, договарања и разни политички игрици, се одлучивме на чекор кој можеби на прв поглед не се чини логичен, но после добро размислување се доаѓа до заклучок дека ова е следниот логичен чекор кон проширување на  нашите хоризонти. И да не одолговлекуваме многу, добредојдовте!