Слика од астероидот кој ќе помине покрај Земјата
2011 беше година исполнета со неверојатни астрономски случувања. Ги погледнавме финалните летови на Шатл програмата, доказ дека на Марс има вода во големи количини и еден подмолен премин на астероид кој го забележавме доцна. За среќа помина блиску до Земјата без никакви последици.
На 8 Ноември ќе бидеме сведоци на уште еден астрономски евент на премин на масовен астероид наречен 2005 YU55, кој беше откриен во 2005 година. Астероидот беше забележан од Robert McMillan од Steward Observatory во Аризона, кој од 2010 ја изучува и предвидува траекторијата на астероидот дека не е ризик за судар со Земјата. За разлика од 2011 MD астероидот (кој помина покрај земјата во Јуни оваа година), кој беше со големина на автобус, 2005 YU55 е многу поголем. Пресметана сликовито, големината му изнесува колку еден Американски носач на авиони. На 8 Ноември масивната карпа ќе помине на одалеченост од около 8.5 лунарни орбити од нашата планета, што го прави астероидот со најблизок премин со таа големина уште од 1976.
Научниците се уверени дека YU55 не претставува ризик за Земјата за следните 100 години, а следниот премин на голем астероид до Земјата ќе биде во 2028. Но се разбира малите астероиди имаат тенденција да поминат незабележани покрај Земјата, па немојте да бидете изненадени ако забележиме уште некој астероид порано од 2028.
Автор: Мартин Страхиловски
No comments:
Post a Comment