Monday, November 7, 2011

Улично осветлување едно од знаците за постоење на вонземска цивилизација


Ulicno osvetluvanje edno od znacite za postoenje na vonzemska civilizacija
Досега астрономите вонземјаните ги бараа, барајќи радио сигнали и ултра-кратки ласерски пулсеви, кои евентуално би ни ги праќале. Ави Лоеб од Харвард-Смитсониан Центарот за Астрофизика и Едвин Тарнер од Универзитетот Принстон објавија труд во кој предлагаат нова техника за барање вонземајани: преку барање на градско осветлување.

Како и методите на SETI, така и оваа метода се заснова на претпоставката дека вонземјаните користат технологија слична на нашата. Во овој случај, многу веројатно е дека било која цивилизација која е развиена во светлина ан својата ѕвезда, би имала потреба да вклучи сијалици преку ноќ.

Како ќе се распознаваат ваквите светилки од блесоците на ѕвездата? Додека орбитира планетата, има фази слични како оние на нашата Месечина. Кога е во мрачна фаза, ноќното осветлување би било повидливо од онаа рефлектираното од светлата страна. Па, вкупниот флукс од планетата со осветлени градови ќе биде со мерливи разлики од планета која нема такви.

Засега, потребни е нова генерација телескопи за вакво нешто. Денешните најдобри телескопи можат да забележат град со големина на Токио во Кујперовиот Појас. Но, потенцијалните населени планети се многу подалеку. Сепак, ваката техника е значаен чекор напред, бидејќи ако вонземјаните се развиваат како нас, ние со зголемената употреба на оптички кабли стануваме сè поневидливи за некого од страна. Така, уште малку па сијалиците најдобро ќе не откриваат. Затоа ова е можеби најдобрата метода, освен, се разбира, ако вонземјаните не се ноктурни.

Автор: Марко Маневски
Слика: David A. Aguilar (CfA)

No comments:

Post a Comment