Илјадници години луѓето го гледале небото ноќе. Ѕвездите образуваат фигури што луѓето ги толкувале како животни ,луѓе или предмети. Ако се набљудува небото неколку часа, секој може да забележи дека фигурите од ѕвезди се движат околу една посебна ѕвезда. Замислете еден црн чадор со сјајни дамки насликани на внатрешната страна. Ако го завртите чадорот околу неговата рачка во насока спротивна од насоката на стрелките на часовникот, дамките се движат околу една точка во средината. Тоа покажува како изгледа движењето на ѕвездите околу поларната ѕвезда, Северницата.
Всушност,небото мирува, а земјата се врти околу својата замислена оска. Замислете да го оставите чадорот да мирува, а да се вртите вие во насока на стрелките на часовникот. Ѕвездените фигури, наречени соѕвездиа, сеуште научниците ги користат за изработување ѕвездени мапи.
Млечен пат
Луѓето забележале дека на небото се движеле 5 светлени тела. За време на една ноќ ,тие изгледале како неподвижни ѕвезди, но по неколку недели тие се поместиле во различни позиции. Тие подвижни светла биле наречени планети, според грчкиот збор што значи ,,скитник”. некои цивилизации ги нарекувале планетите според имињата на различни богови и божици. Во минатото, луѓето мислеле дека сите ѕвезди се еднакво оддалечени ,исто како дамките на чадорот. Но наредните откритија го промениле ова мислење. Растоајнието меѓу сите ѕвезди изгледа непроменливо, но со внимателно набљудување, 6 месеци подоцна, научниците кај некои ѕвезди забележале мало поместување. Тоа е така зашто ѕвездите ги гледаме од другата страна на Земјината орбита, зад Сонцето. Ефектот е сличен на видикот што го гледаме од страничниот прозорец на автомобил што се движи. При тоа ни изгледа дека дрвјата и зградите што се близу до нас се ,,движат’’ повеќе од оние што се подалеку. Правилното движење е наречено паралакса и тоа може да се искористи за да се пресмета растојанието од земјата до ѕвездите. Движењето на автомобилот е слично на движењето на земјата,од едната страна на нејзината орбита до другата.
Мерењето на паралаксата покажаа дека најблиската ѕвезда е оддалечена од Сонцето околу 43 милиони километри. Таа ѕвезда е наречена Проксима центаура.
Светлинските зраци се движат со брзина од 300000 км/сек. Растојанието што тие го поминуваат во една година е наречено светлинска година. Проксима центаура е оддалечена 4.5 светлински години така што нејзината светлина ќе патува 4.5 години за да стигне до Земјта. За споредба, Сонцето е оддалечено од Земајта околу 8 светлински минути(144 мил. Км.)
Ноќе,кога небото е јасно, може да се види лента од слаба нејасна светлина на небото. Таа се состои од милиони ѕвезди, што се толку многу оддалечени од нас што не можеме да ја откриеме паралаксата. Тоа се нарекува Млечен пат и тој претставува само еден раб од видикот на големиот диск од ѕвезди. Млечниот пат го опкружува нашето небо, така што ние се наоѓаме внатре во тој диск. Тој е потенок во една насока ,подебел во друга, и така ние не се наоѓаме во центарот на тој диск. Млечниот пат е нашиот поглед во нашата Галаксија .
На уште поголеми растојанија се наоѓаат и други галаксии, кои се состојат од огромен број ѕвезди. Галаксијата Андромеда од нас е оддалечена над 2 милиони светлински години. Нашата галаксија –Млечниот пат, многу би личела на Андромеда гледана однадвор.
Галаксијата Андромеда
Милиони галаксии се откриени далеку, далеку во вселената. Тие го сочинуваат универзумот чив пречник изнесува околу 20 000 милиони светлински години.
Автор: Слаѓан Алексовски
No comments:
Post a Comment