Friday, October 14, 2011

Првите ѕвезди во универзумот не биле сами

Првите ѕвезди кои се формирале во универзумот не биле единствените како што се тврдело. Ова всушност се резултати од меѓународната соработка помеѓу истражувачите во центарот за астрономија на Универзитетот во Хајделберг, Институтот за астрофизика Макс Планк во Гарсинг во Германија и на Универзитетот на Тексас во Остин.



Астрофизичарите користеле компјутерски симулации за да го моделираат раѓањето на првите ѕвезди кои се формирале по Големата експлозија. Групата била предводена од Пол Кларк од Универзитетот во Хајделберг и Вокер Бром од Универзитетот на Тексас во Остин, каде што научниците демонстрирале дека на дискот што го опкружуваат исконски ѕвезди во текот на детството може да се растурат и да формираат ѕвезди придружнички.
Овие наоди ни укажале дека ѕвездите кои се формирале во целосна изолација, а не во групи се типични за ѕвездите за нашата галаксија Млечниот Пат.
Оваа симулација всушност била тргната во потрага за да се разбере формирањето на првите ѕвезди, еден важен чекор напред, рекол Бром.
Космичката еволуција претставува прогресија од едноставност кон сложеност, со формирањето на првите ѕвезди претставува примарна пресвртница во оваа транзиција.
Пред неколку милиони години по Големата експлозија, експанзијата односно ширењето на универзумот се префрлило на космичкото зрачење далеку во полето на инфрацрвените бранови должини, па така да човековото набљудување на вселената во тоа време би било целосно невидливо односно во тотален мрак.
Потрагата по крајот на космичките темни времиња се вжештуваат, не приближуваат кон целта на решавањето на мистеријата за првата светлина во вселената.

Напишано од: Бобан Митовски

2 comments:

  1. Посветете поголемо внимание на квалитетот на текстовите ... како на преводите, така и на лектурата.

    Поздрав, З

    ReplyDelete
  2. Поздрав и до тебе Зоран,

    Намерно статиите се пишуваат со не толку стручни поими и единици, од проста причина што од нашето досегашно искуство е дојдено до заклучок дека голем број од нашите читатели немаат основа од астрономијата, па така да некои поими им се нејасни. Затоа на сметка на квалитетот, се пристапува кон пишување на статии кои и обичниот граѓанин би успеал да ги свати.

    Поздрав и секое добро

    ReplyDelete