Saturday, October 29, 2011

Во недела започнува зимско сметање на времето

Во недела на 30 октомври со поместување на стрелките на часовникот наназад започнува зимското сметање на времето. Стрелките се поместуваат во сабота спрема недела за да не би имало влијание врз секојдневните обврски на луѓето.
Ова се прави се со цел за да се продолжи денот, затоа што во зимскиот период ноќта е значително подолга..
Тоа би значело дека ако се стемнува во 17 часот, според новото сметање Сонцето ќе зајде во 16 часот.


Земјите од ЕУ и другите држави сметањето на времето го усогласиле со тоа што последната недела во месец март ја одредиле како почеток на летното сметање, а последната недела од месец октомври ја одредиле како почеток на зимското сметање на времето.

Дел од астрономите се против ваквото продолжување на траењето на денот, а како изговор за продолжување некои ги сметаат економските причини, но како и да е ваквото сметање продолжува и понатаму да се практикува.

Автор: Бобан Митовски

Wednesday, October 26, 2011

Фигури на небото (соѕвездија)

Илјадници години луѓето го гледале небото ноќе. Ѕвездите образуваат фигури што луѓето ги толкувале како животни ,луѓе или предмети. Ако се набљудува небото неколку часа, секој може да забележи дека фигурите од ѕвезди се движат околу една посебна ѕвезда. Замислете еден црн чадор со сјајни дамки насликани на внатрешната страна. Ако го завртите чадорот околу неговата рачка во насока спротивна од насоката на стрелките на часовникот, дамките се движат околу една точка во средината. Тоа покажува како изгледа движењето на ѕвездите околу поларната ѕвезда, Северницата.

Всушност,небото мирува, а земјата се врти околу својата замислена оска. Замислете да го оставите чадорот да мирува, а да се вртите вие во насока на стрелките на часовникот. Ѕвездените фигури, наречени соѕвездиа, сеуште научниците ги користат за изработување ѕвездени мапи.


Млечен пат

Луѓето забележале дека на небото се движеле 5 светлени тела. За време на една ноќ ,тие изгледале како неподвижни ѕвезди, но по неколку недели тие се поместиле во различни позиции. Тие подвижни светла биле наречени планети, според грчкиот збор што значи ,,скитник”. некои цивилизации ги нарекувале планетите според имињата на различни богови и божици. Во минатото, луѓето мислеле дека сите ѕвезди се еднакво оддалечени ,исто како дамките на чадорот. Но наредните откритија го промениле ова мислење. Растоајнието меѓу сите ѕвезди изгледа непроменливо, но со внимателно набљудување, 6 месеци подоцна, научниците кај некои ѕвезди забележале мало поместување. Тоа е така зашто ѕвездите ги гледаме од другата страна на Земјината орбита, зад Сонцето. Ефектот е сличен на видикот што го гледаме од страничниот прозорец на автомобил што се движи. При тоа ни изгледа дека дрвјата и зградите што се близу до нас се ,,движат’ повеќе од оние што се подалеку. Правилното движење е наречено паралакса и тоа може да се искористи за да се пресмета растојанието од земјата до ѕвездите. Движењето на автомобилот е слично на движењето на земјата,од едната страна на нејзината орбита до другата.

Мерењето на паралаксата покажаа дека најблиската ѕвезда е оддалечена од Сонцето околу 43 милиони километри. Таа ѕвезда е наречена Проксима центаура.
Светлинските зраци се движат со брзина од 300000 км/сек. Растојанието што тие го поминуваат во една година е наречено светлинска година. Проксима центаура е оддалечена 4.5 светлински години така што нејзината светлина ќе патува 4.5 години за да стигне до Земјта. За споредба, Сонцето е оддалечено од Земајта околу 8 светлински минути(144 мил. Км.)
Ноќе,кога небото е јасно, може да се види лента од слаба нејасна светлина на небото. Таа се состои од милиони ѕвезди, што се толку многу оддалечени од нас што не можеме да ја откриеме паралаксата. Тоа се нарекува Млечен пат и тој претставува само еден раб од видикот на големиот диск од ѕвезди. Млечниот пат го опкружува нашето небо, така што ние се наоѓаме внатре во тој диск. Тој е потенок во една насока ,подебел во друга, и така ние не се наоѓаме во центарот на тој диск. Млечниот пат е нашиот поглед во нашата Галаксија .
На уште поголеми растојанија се наоѓаат и други галаксии, кои се состојат од огромен број ѕвезди. Галаксијата Андромеда од нас е оддалечена над 2 милиони светлински години. Нашата галаксија –Млечниот пат, многу би личела на Андромеда гледана однадвор.


Галаксијата Андромеда

Милиони галаксии се откриени далеку, далеку во вселената. Тие го сочинуваат универзумот чив пречник изнесува околу 20 000 милиони светлински години.

Автор: Слаѓан Алексовски

Monday, October 24, 2011

Се роди нова планета!

Уметнички приказ на раѓањето на LkCa 15b, направен од уметниците при Унверзитетот на Хаваи


За прв пат во историјата, научниците сметаат дека биле сведоци на раќање на нова планета.

Местото на раѓање е околу 450 светлосни години, некаде во соѕвездието Бик. Името на новороденчето е LkCa 15b, и е гасовит гигант од типот на Јупитер. Неговиот (или нејзиниот) зачеток е некаде пред 50 или 100 илјади години. Во секој случај е рекордер, бидејќи е најмладата планета досега набљудувана.

Бебето е отркриено од др. Мајкл Ајерланд од универзитетот Меквери во Сиднеј и др. Адам Краус од универзитетот на Хаваи, а со помош на десет-метарскиот телескоп на обсерваторијата Кек на Хаваи.

Напишано од: Маневски Марко

Saturday, October 15, 2011

Нов поглед на Веста од мисијата Зора на НАСА

Новата слика од мисијата на НАСА - Зора ни ја прикажува планината, која е три пати повисока од највисокиот врв на Земјата - Монт Еверест.


Врвот на јужниот пол на планината се издига околу 22 километри над просечната висина на околниот терен. Уште една импресивна структура на сликата е карпата со степенест пад, која се наоѓа на десната страна на сликата. Околниот терен на Јужниот пол според научниците на мисијата Зора ветува многу и може да се користи за изградба на база и потенцијални места за слетување на идните човечки мисии.

Резолуцијата на сликата изнесува 300 метри по пиксел. За поголема резолуција кликнете на сликата

Напишано од: Мартин Страхиловски
Извор: www.astronomy.com

Friday, October 14, 2011

Првите ѕвезди во универзумот не биле сами

Првите ѕвезди кои се формирале во универзумот не биле единствените како што се тврдело. Ова всушност се резултати од меѓународната соработка помеѓу истражувачите во центарот за астрономија на Универзитетот во Хајделберг, Институтот за астрофизика Макс Планк во Гарсинг во Германија и на Универзитетот на Тексас во Остин.



Астрофизичарите користеле компјутерски симулации за да го моделираат раѓањето на првите ѕвезди кои се формирале по Големата експлозија. Групата била предводена од Пол Кларк од Универзитетот во Хајделберг и Вокер Бром од Универзитетот на Тексас во Остин, каде што научниците демонстрирале дека на дискот што го опкружуваат исконски ѕвезди во текот на детството може да се растурат и да формираат ѕвезди придружнички.
Овие наоди ни укажале дека ѕвездите кои се формирале во целосна изолација, а не во групи се типични за ѕвездите за нашата галаксија Млечниот Пат.
Оваа симулација всушност била тргната во потрага за да се разбере формирањето на првите ѕвезди, еден важен чекор напред, рекол Бром.
Космичката еволуција претставува прогресија од едноставност кон сложеност, со формирањето на првите ѕвезди претставува примарна пресвртница во оваа транзиција.
Пред неколку милиони години по Големата експлозија, експанзијата односно ширењето на универзумот се префрлило на космичкото зрачење далеку во полето на инфрацрвените бранови должини, па така да човековото набљудување на вселената во тоа време би било целосно невидливо односно во тотален мрак.
Потрагата по крајот на космичките темни времиња се вжештуваат, не приближуваат кон целта на решавањето на мистеријата за првата светлина во вселената.

Напишано од: Бобан Митовски

Добредојдовте!

После разни препукувања, договарања и разни политички игрици, се одлучивме на чекор кој можеби на прв поглед не се чини логичен, но после добро размислување се доаѓа до заклучок дека ова е следниот логичен чекор кон проширување на  нашите хоризонти. И да не одолговлекуваме многу, добредојдовте!